Кујнска плоча од хималајска сол

Дебелата плоча од розова сол има димензии 20 на 30 сантиметри. Може да се стави на извор на топлина и постепено да се загрева, без страв дека ќе се стопи.

0
943

Розовата сол од Хималаите обично ја користат инвентивните шефови во мали количества како зачин и декорација, а од неодамна се достапни и дебели плочи на кои може термички да се обработуваат намирниците.

Дебелата плоча од розова сол има димензии 20 на 30 сантиметри. Може да се стави на извор на топлина и постепено да се загрева, без страв дека ќе се стопи. Лесно премачкана со масло или путер, одлично ќе послужи за печење јајца, шкампи или месо.

Плочата може да се стави и во рерна или на скара, а може и да се замрзне за да се користи за послужување суши или карпачо.

Бидејќи материјалот има природни антимикробни својства не треба да се чисти со детергент, туку треба да се пребрише со мокра крпа.

Плочата чини 40 долари и засега се продава само во САД.