Состојки:
1 сладок компир (батат)
3 јајца
3 лажици кокосово или бадемово млеко
2 лажици маслиново масло
7 лажички јаворов сируп
10 лажици брашно
3 лажици кокосово брашно
1 лажица прашок за пециво
1/4 лажичка сол
1 лажица цимет
1 лажичка ѓумбир во прав
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 200°C и подгответе 12 калапи за мафини.
- Во меѓувреме сварете го излупениот батат и оставете го да се олади.
- Згмечете го бататот, додадете маслиново масло, млеко и јаворов сируп и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
- Во одделен сад помешајте ги сувите состојки и додадете ги во смесата со батат. Добро измешајте и ставете во калапите за мафини. Печете ги 30 до 35 минути.