Нови возбудливи вкусови

0
677

Иновативноста е она по што ресторанот FOUR е препознатлив. Уникатните специјалитети кои нема да можете да ги најдете ниту на едно друго место во градот, вкусната и квалитетна храна, ги задоволуваат потребите и на најголемите гурмани. Ресторан FOUR повторно ги изненадува своите посетители со воведувањето на новото мени подготвено од врвниот мастер шеф – Никос Анагносту, кој посветено и со голем ентузијазам создаде нови вкусови, кои ќе ги разбудат вашите најдлабоки сетила.

Во жешките летни денови, на најубавата тераса, свежиот воздух од кејот на реката Вардар дополнително ќе го зголеми ефектот на максимално уживање во нова палета на вкусови и јадења.

Новото мени нуди широк избор на морски специјалитети, пасти, интернационални деликатеси, неoдоливи вкусни десерти и уште голем број на други нови и несекојдневни вкусови.

„Потпирајќи се на моето претходно искуство и применувајќи најквалитетни намирници од регионот, заедно со останатиот дел од тимот создадовме врвни јадења, кои се комбинација на интернационалната и традиционалната кујна. Во иднина не очекуваат уште многу нови нешта, бидејќи тимот на Ресторан FOUR и Парк Хотел и Спа е постојано во потрага по иновативност, додека пак јас сум личност која секогаш безусловно ги прифаќа сите нови предизвици. Токму поради тоа ние сме одлична комбинација и сум сигурен дека заеднички ќе создадеме уште многу добри нешта, со една заедничка цел, а тоа е насмевката на лицата на нашите гости“, вели Никос Анагносту, мастер шеф на FOUR.

Препорака од шефот:

Говедско карпачо со крем од сирење и тартуф, чипс од лук и зачини за одличен почеток на една убава вечера.

Зелена салата со цитрон, филети од портокал, горгонзола и зачини, како освежување пред главниот оброк.

За главно јадење можете да го одберете, одлино приготвениот лосос со леќа и зелено јаболко.

За означување на крај на преубавата вечер пробајте го десертот Милфој со крем од ванила и чоколадо, украсен со крцкаво манго и дехидридани малини.