Доколку ви текне да си направите крамбл навечер за да имате следниот ден готов десерт, ќе згрешите! Нема да можете да му одолеете и ќе го наполните стомакот пред спиење, што не е баш препорачливо, а доколку оставите нешто и за следниот ден, нема да е толку вкусно како кога е се уште топло. Инаку, крамбл можете да правите со секакво овошје по ваш избор и во зависност од сезоната.
Состојки:
100 г интегрално брашно (или друго по избор)
200 г мусли
100 кафеав шеќер
500 г јагоди
200 г путер
1 лажица густин
Павлака за послужување
Приготвување:
- Јагодите измијте ги и исечкајте ги на половинки или на четвртинки и наредете ги во тепсијата за печење. Доколку не се благи, наросете одозгора малку шеќер и ставете една лажица густин.
- Муслите, брашното и ладниот путер исечкан на коцкички помешајте ги со така. Ќе добиете смеса од трошки кои ќе ги распоредите врз јагодите.
- Печете околу 30-40 минути.
- Послужете го топло со малку кисела павлака.