Здрава чорба од моркови со лук и ѓумбир

0
440

 

Состојки:

1 кг моркови

1 кромид

3 чешниња лук

1 см корен од ѓумбир

½ лажичка лута толчена пиперка

1/2 лажичка мајчина душичка

800 мл вода

3 лажици маслиново масло

сол и црн пипер

Приготвување:

  1. Излупете ги морковите и исечкајте ги на мали парченца, кромидот излупете го и поделете го на четвртинки, лукот оставете го во лушпата. Заедно ставете ги во огноотпорен сад и прелијте ги со 3 лажици маслиново масло. Печете ги во рерна на 200 степени околу 45 минути, од време на време промешувајќи.
  2. Извадете ги од рерна и оставете зеленчукот малку да се олади. Потоа, ставете го во блендер, лукот претходно излупете го, и блендирајте постепено додавајќи ја водата додека не ја добиете посакуваната густина.
  3. Претурете ја чорбата во лонец, додадете го изренданиот ѓумбир, лутата пиперка и мајчината душичка, па посолете и наросете малку црн пипер. Ставете го лонецот малку на рингла додека чорбата не почне да врие.
  4. Послужете со препечен леб и павлака.