Состојки:
1 помала векна стар леб исечена на коцкички (околу 6-7 шолји)
4 шолји млеко
3 јајца
1 шолја жолт шеќер
2 лажици екстракт од ванила
1 шолја суво грозје
Кикирики (или ореви)
1 лажичка цимет
Малку мускатно оревче
Ореви по желба
3 лажици стопен путер
Приготвување:
- Загрејте ја рерната на 200°C. Ставете го млекото во поголем сад за мешање и додадете го исечениот леб. Притиснете го лебот со раце за да го впие млекото.
- Во друг сад измешајте ги јајцата, пола шолја шеќер, ванилата и зачините. Ставете врз лебот, додадете го сувото грозје (по желба можете да додадете и брусници) и кикириките (или оревчиња) и внимателно измешајте.
- Истурете го подготвенуиот сируп од жолт шеќер и цимет и стопениот путер и намачкајте го садот за печење. Ставете ја смесата и печете околу 30-40 минути.