Италијанска губана

0
326

Состојки:

За тестото:

125 мл млеко

400-450 г брашно

1 кесичка сув квасец

50 г шеќер и 1 лажица

1 јајце

1 жолчка

½ лажичка сол

Кора од 1 лимон, ситно рендана

50 г омекнат путер

Состојки за филот:

200 г лешници

10 г пињоли

100 г суво грозје

3 полни лажици пекмез од сливи или кајсии

Кора од портокал, ситно рендана

1 лажица какао

1 лажичка цимет

3 лажици црвено слатко вино

За премачкување:

1 јајце

Приготвување:

  1. Во млако млеко растворете го квасецот и ставете лажичка шеќер. Оставете на топло да нарасне.
  2. Во длабок сад ставете ги брашното, шеќерот, јајцето, жолчката, кората лимон и солта и измешајте. Додадете го стасаниот квасец и замесете средно меко тесто кое не се лепи за раце. Месете го десетина минути и оставете го 1 час да нарасне.
  3. За тоа време подгответе го филот. Ставете ги сите состојки и измешајте.
  4. Тестото префрлете го на набрашенат површина на масата и развлечете го во правоаголник со димензии 25×45 цм. Премачкајте го со филот и оставете по 2 цм од секој раб празни. Внимателно завиткајте го во форма на полжав и префрлете во калапот за печење обложен со хартија за печење. Покријте го со проѕирна фолија и оставете го нарасне уште 1 час.
  5. Тестото премачкајте го со изматено јајце и печете 25 минути на 180°C, па намалете ја температурата на 150°C и печете уште 25 минути покриено со хартија за печење.