Што има на велигденските трпези низ светот?

За Велигден главни протагонисти се велигденските јајца, но по важноста не заостанува ниту велигденскиот обреден леб или колач, попознат како милиброд. Еве што се подготвува традиционално и во другите земји

0
693

Велигденската трпеза е различна во различни делови од светот, па еве неколку идеи доколку сакате овој Велигден да испробате нешто поинакво од она што е традиционално кај нас.

Русите за Велигден прават „кулич“, а Бугарите „козуњак“. Во Италија пак традиционално се јаде посебна велигденска „torta di Pasketa“, солен колач со варени јајца и спанаќ, а во Швајцарија се подарува велигденска голубица „paloma di paskva”, колач со суво овошје.

И кај нас, и во добар дел од европските земи, јагнешкото месо ја краси велигденската трпеза. Доколку тоа сакате да го направите во француски стил, би можеле да го сервирате месото со повеќе видови сирења, врвно црвено вино и квалитетно чоколадо за десерт.

Во Италија, пак јагнешкото месо не е карактеристично за велигденските празници, туку губаната.

Ова италијанско слатко лепче се прави со ореви, суво грозје, чоколадо и слатко вино, како и веќе споменатата „торта ди Паскета“.

Во Холандија традиционално се послужува кремавиот ликер, налик на пудинг. Се прави од жолчки, ракија и шеќер.

Адвокат

Во Мексико за Велигден се служи Капиротада – леб, млеко, сирење, путер, суво грозје, кикирики, сируп од цимет и шеќер.

Капиротада

Торта Пасквалина, односно пита со спанаќ и јајца,  е карактеристична за Аргентина за време на Велигден.

Торта Пасквалина

Шпанците сервираат Хорнаѕо, вид на лепче полно со свинско месо, колбаси и јајца.

шпанско хорнаѕо

Финска е карактеристична по десертот наречен мами. Се подготвува со ржано брашно, вода, сол и портокал. Има специфичен вкус и долго се подготвува.

Мами, традиционален фински специјалитет

Сладок леб украсен со црвени велигденски јајца се подготвува во повеќе балкански земји. Не само што е многу вкусен туку и со својата форма на венец внесува празнична атмосфера на трпезата.

 

Еве како се прави.

 

Состојки:

1 кг. брашно

4 јајца

1 свеж квасец

150 г кафеав шеќер

2 пакетчиња ванилин шеќер

100 г путер

прстофат сол

500-600 г. топло млеко

рендана кора од 1 лимон

200 г суво грозје

За украсување ви предлагаме 2 жолчки, 40 грама бадеми, шеќер за поросување

 Приготвување:

  1. Квасецот растворете го во малку млеко, додадете по 1 лажиче брашно и шеќер и оставете да стаса.
  2. Во голем и длабок сад, измешајте ги сите состојки, додадете го стасаниот квасец и постепено додавајќи од млекото замесете тесто. Месете го околу 10 минути. Тестото може и малку да лепи на рацете, ама такво треба да биде.
  3. Вратете го во садот, покријте го со крпа и оставете го во топла просторија да стасува. Откако ќе стаса, премесете го и повторно вратете во садот да отстои 15-тина минути.
  4. Размесете го тестото и поделете го на два еднакви дела и од секој од нив формирајте ленти со должина од 50 сантиметри. Од лентите направете плетенки и ставете ги во тава обложена со хартија за печење и оставете ги да стасуваат 30-тина минути. Премачкајте ги со жолчките и наросете со исечкани бадеми или со шеќер.
  5. Печете 30-тина минути на температура од 170 степени.