Состојки:
600 г брашно
2 шолји млака вода
1 ипол лажичка сол
1 сув квасец
Приготвување:
- Помешајте ги квасецот и водата и оставете квасецот да надојде. Во голема чинија измешајте ги брашното и солта, а во средината направете мала вдлабнатина и ставете ја во неа водата со квасецот. Замесете со раце, а претходно навлажнете ги рацете за да не ви се лепи тестото.
- Тестото треба да биде цврсто и мазно и да се одвојува од ѕидовите на садот. Покријте го со крпа и оставете го да нарасне.
- Кога ќе нарасне, месете го уште малку, намачкајте ја чинијата со маслиново масло, ставете го тестото повторно внатре, па оставете уште да расте.
- Загрејте ги рерната и тенџерето во кое ќе го печете лебот и во врелото тенџере ставете го тестото, поклопете го со капак и ставете го да се пече. Кога е скоро печено, тргнете го капакот и печете уште десетина минути.