Здрави и вити

0
422

На 29. Меѓународен саем на книгата, кој е од исклучителна важност и е со огромна посетеност, во хала 1 на Скопскиот саем, Арс Студио им овозможи на љубителите на пишаниот збор да уживаат во сите постојни и нови изданија од различни области.

Вчера (4 април), беше промовирана книгата Здрави и вити од Харви и Мерлин Дајмонд, двојката што го смени размислувањето на народот во однос на храната и го поттикна да научи да внимава и да се храни здраво за да води здрав и попродуктивен живот исполнет со енергија. Промоцијата ја водеше нутриционистката Тања Турунџиева. Присутните имаа можност да слушнат што значи здравата исхрана и да научат дека некогаш храната може да биде и ваш непријател. Ги  открија тајните за здрав и енергичен живот, како и многу рецепти за подобрување на здравјето и менување на начинот на кој се храните. Книгата Здрави и вити можете да ја најдете на штандот на АРС Студио во хала 1 по промотивна цена и да започнете со здрав начин на живеење уште денес.