Кељ со ориз

0
308

Состојки:

5 лажици маслиново масло

4 чешниња лук

1 средно голем кељ

120 г ориз

1 китка свеж магдонос

Сол, црн пипер

Рендан кашкавал

Лимон

Приготвување:

  1. Загрејте го маслото па издинстајте го ситно сечканиот лук. Додадете го исечканиот магдонос. Динстајте околу 5 минути па додадете го и крупно исечениот кељ.
  2. Варете на тивок оган десетина минути, па додадете го оризот и 500 мл вода (по потреба и повеќе).
  3. Зачинете. Варете додека оризот не биде готов, но внимавајте да не се превари.
  4. Зачинете со свежо цеден сок од лимон. Послужете со рендан кашкавал.