Булгур со зеленчук

Се знае, најдобро е да се јаде здрава храна, а уште подобро е кога истата можете и да ја зготвите набрзина

0
796

Состојки:

1шолја булгур

1½ шолја вода

1 брокула

1 морков

Шери домати

100 г рендан кашкавал

Сол, црн пипер

Приготвување:

  1. Булгурот добро измијте го па ставете го во тенџере, прелијте го со вода па додадете ги морковот и брокулата.
  2. Покријте го тенџерето со капак, почекајте да зоврие па намалете ја температурата и варете додека водата не испари, околу 10 минути.
  3. Помешајте го ренданиот кашкавал и се помешајте за да се растопи кашкавалот, зачинете и послужете.