Состојки:
Маслиново масло
1 праз исечкан на тркалца
6 моркови исечкани на тркалца
Сол
3 шолји вода
Магдонос
Семки од тиква
Приготвување:
- На маслиново масло, на најниска температура, динстајте го празот околу 4-5 минути, колку да омекне.
- Додадете ги морковите, динстајте кратко, па додадете ја водата, посолете и варете се заедно додека морковите не омекнат.
- Тргнете го тенџерето од оган и измешајте со миксер или здробете со дробилка за компир-пире.
- Послужете ја топла, поросена со семки од тиква и сечкан магдонос.