Проја со праз и со сирење

Деновиве е толку ладно што понекогаш ни е полесно да си направиме дома проја отколку да излегуваме на студов по леб

0
5471

 

Состојки:

2 шолји пченкарно брашно

1 шолја бело брашно

3 јајца

1 прашак за пециво

1 шолја јогурт

½ шолја кисела вода

½ шолја зејтин

Ситно сечкан праз по желба

200 г здробено сирење

Ким за поросување

Приготвување:

  1. Во длабок сад изматете ги јајцата, па полека додавајте ги течните, а потоа и сувите состојки.
  2. Додадете ги ситно сечканиот праз и здробеното сирење, измешајте со лажица и истурете ја смесата во подмачкана тепсија или во тепсија со хартија за печење. Поросете со ким и печете околу 30-40 минути.