Состојки:
800 г брашно (500 г интегрално, 100 г бело и 200 г р’жано брашно)
300 мл вода
1 јајце
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
1 прашок за пециво
1 сув квасец
3 лажици ленено семе
4 лажици зејтин
Ким за поросување
Жолчка за премачкување
Путер
За филот:
Белка од 1 јајце
Урда или сирење
Босилек, оригано
Приготвување:
- Замесете го тестото мешајќи ги сите состојки
- Од тестото направете три топчиња и оставете ги покриени со крпа на топло додека го подготвувате филот такашто ќе ја измешате урдата или сирењето со белка од јајце и ќе додадете од зачините по ваш вкус.
- Секое од топчињата расукајте го во кора па со нож расечете ја и поделете ја кората на 16 триаголници. Во секој од триаголниците ставете по една лажичка од филот и обликувајте кифлички.
- Наредете ги кифличките во тепсија во која ќе ставите хартија за печење. Премачкајте ги со жолчката, наросете по малку ким и ставете врз секоја кифличка по мало парченце путер.
- Печете ги околу 20 минути во загреана рерна на 200 степени.