Состојки:
3 јајца
1 компир
½ пиперка
Перки од млад кромид
Сол, бибер, оригано
Маслиново масло
Приготвување:
- Излупете го компирот и исечете го како за помфрит.
- Во тавче ставете ги маслиновото масло и компирите и оставете го поклопено на тивок оган додека компирите да омекнат.
- Се додаваат исечканите перки од млад кромид и пиперката и се динста уште малку, а потоа се додаваат и изматените јајца и зачините.
- Се превртува со помош на чинија и се пече уште малку и од другата страна. Потоа можете да навалите на вкусен и обилен појадок, ручек или вечера.