Совршено новогодишно печење

0
698

Освен фактот дека печењето е најпрактично кога треба да се нахранат голем број на

луѓе, не мора постојано да се внимава на него па останува време и за други подготовки во последен момент, постојат дури и народни верувања кои го оправдуваат печењето на одредени видови на месо за пригодите за кои се наменети.

Според нив, за Божик се подготвува мисирка или кокошка, затоа што таа со нозете фрла земја зад себе, а тоа симболизирало дека се лошо останува во годината која е зад нас. Прасето пак кое рие со рилката напред симболизира напредок во годината во која влегуваме. Како и да е, го прифаќаме објаснувањето и во име на иднината, ќе печеме свинско.

Приготвување:

  1. Набавете свежа свинска кртина која е најдобро да биде во едно парче и посолете го месото вечерта претходно.
  2. Загрејте ја рерната на максимум, премачкајте го месото со свинска маст и на дното од садот за печење ставете прст ладна вода. Печете го месото откриено  15 до 20 минути. За тоа време кожата ќе омекне, па со остар нож засечете ја за да добиете ромбоидна мрежа. Освен што така засечената кожа подоцна ќе изгледа поубаво и подекоративно на маса, ќе ви овозможи и полесно сечење на месото, а вака засечената кожа во текот на печењето ќе овозможи и да се топи вишокот од маснотии под неа, па на крајот ќе добиете крцкава а не жилава и мрсна коричка.
  3. По засекувањето, доколку месото не е премногу мрсно, премачкајте го повторно со свинска маст, полејте со мала количина на вода и вратете го во рерната па печете отприлика еден час по килограм месо на температура од 200-220°C. Не го испробувајте месото такашто ќе го боцкате со вилушка затоа што ќе ги испушти сите сокови.
  4. Ако сакате ароматично печење, додадете кромид исечкан на четвртини и неколку чешниња лук. Секој половина час до 45 минути, проверувајте го месото и по потреба полевајте го со дополнителна количина вода или доколку испушти многу маснотија, залевајте го со неа за да не се засуши.
  5. Пред крајот, по желба, еднаш или два пати прелејте го со пиво. Тоа ќе му даде поинтензивна боја, а последните десет минути тргнете ја фолијата за да се запече убаво. Внатрешноста на месото ќе остане сочна и мека.
  6. Извадете го месото и чувајте го на топло. Почекајте да се излади доволно за да можете да го исечете и уживајте.