Состојки:
800 г домати
2 мали краставички
Малку рузмарин
Малку магдонос
1 кришка леб
2 чешниња лук
1 лажица маслиново масло
Малку сол, малку шеќер
Приготвување:
- Земете една кришка леб и исечете ја на мали парченца па оставете ја да се натопи во малку вода. Кога ќе омекне ставете ја во блендер.
- Додадете ги доматите, краставичките и лукот и се добро измешајте.
- Додадете малку вода и зачини по желба се додека не ја постигнете саканата густина.
- Пред послужување оставете ја кратко во фрижидер.