Состојки:
3 круши
100 г брашно
60 г лешници
60 г путер
500 г пудинг во прав (со вкус на чоколадо)
50 г кафеав шеќер
Приготвување:
1 Загрејте ја рерната на 180°c. Исечкајте ги лешниците, а путерот исечете го на коцкички. Помешајте ги лешниците, путерот, шеќерот и брашното па се заедно ставете во тепсија за печење обложена со мрсна хартија. Печете десетина минути и оставете да се олади.
2 Исечете ги крушите на коцкички и помешајте ги со пудингот од чоколадо. На дното од садот ставете ги крушите и одозгора ставете го испечениот крамбл. Оладете и послужете.