Пред неколку месеци на нашиот портал имавте можност да го прочитате интервјуто со Даниел Пикл, еден од пионерите на исхраната со инсекти во регионот, оснивач на првата фарма за инсекти во Загреб и вљубеник во инсекти, кој последниве години на својот блог Cricky ја промовира оваа несекојдневна исхрана.
Глобално, трендот на консумирање на инсекти е во голем пораст, но кај нас е сѐ уште една нова и необична тема.
Стотици различни видови штурци, скакулци, муви, мравки, молци, црви и разни други инсекти се одгледуваат со таа намена – за исхрана на човекот. Најмногу се јадат на тлото на Азија, Африка и Јужна Америка.
Уште пред неколку години ја видовме и холивудската ѕвезда Анџелина Џоли како заедно со своите деца јаде пајаци, скорпии, тарантули и разни други инсекти и тоа, подготвени на скара.
Епа ете, дојде време и за нас …
А вкусот е…крцкав!
Сепак, имајте предвид дека оваа варијанта со додадени вкусови на сланина и сирење баш и не е добар избор. А и скакулците се некако малечки, џгољави, жал да те фати.
Се прашувам, зошто ако некој не јаде месо од свиња, крава, кокошка итн, од етички причини, би сакал да јаде инсекти?!
А еве го и составот и нутритивната вредност на денешниот појадок: