Гладни за нови вкусови, скопјани брзо го „изедоа“ Светскиот пикник

Настанот беше доста посетен и се чекаа редици да се купат купоните за оброк и да се најде слободно место за седење под летниковците поставени за таа намена.

0
1062

Светски пикник на кој посетителите имаа шанса да пробаат храна од осум различни кујни, а парите за оброкот беа наменети за добротворни цели, се одржа вчера на пладне, во Градскиот парк во Скопје, во организација на Советот на странски инвеститори

На осумте штандови, странските инвеститори ја промовираа храната од својата земја, а посетителите можеа да пробаат хот-дог и пита од јаболка од САД, виенска шницла и штрудла од јаболка од Австрија, фиш енд чипс и пита од јаболка од Британија, суфлаки и раванија од Грција, белгиски ќофтиња и вафли, кебаб и баклава од Турција, италијанска пица, швајцарска чоколадна фонтана, кроасан од Франција или кари вурст од Германија. Присутните ги развесели и бендот „Саут парк“, со својот настап на пикникот.

Настанот беше доста посетен и се чекаа редици да се купат купоните за оброк и да се најде слободно место за седење под летниковците поставени за таа намена. Посетителите беа видно расположени, а брзо се потрошија залихите на храна поради големата посетеност.
DSC_0032

Најрасположени беа најмладите, кои заедно со своите родители пробаа оброци и десерти од различните кујни и научија нешто повеќе за типичната храна на различните земји. Атмосферата беше толку весела, што присутните посакаа да се одржуваат вакви настани почесто.
DSC_0033

Јана Колева