Каде најчесто грешиме кога се обидуваме здраво да се храниме?

Знаеме дека е кељот здрав, но ако го јадете секој ден, брзо ќе ви стане здодевен и ќе ризикувате да им се вратите на полошите опции. Уште една грешка што многумина ја прават е неразмислување за она што го јадат. Поточно, мислат дека ако вежбаат, тогаш можат да јадат што ќе посакаат.

0
474

Веројатно не постои тема за која последниве години повеќе се пишува и се зборува од онаа за здравиот начин на живот.

Станавме свесни дека сите оние часови кои сме ги поминале седејќи, порано или подоцна, ќе ни го наплатат тоа, исто како и сета онаа лоша храна која сме ја консумирале.

Постепено почнавме да се интересираме за различни видови на рекреација со која би можеле да се занимаваме, почнавме однапред да размислуваме што ќе јадеме следните денови, па можеби дури и почнавме да претеруваме во сето тоа.

Сепак, како и многу други теми за кои постојано се зборува и за кои секој има свое мислење, и оваа не е толку едноставна како што ни изгледа.

Денеска одлучивме да ги издвоиме најчестите грешки кои повеќето од нас ги прават кога станува збор за здрава исхрана, а притоа, воопшто не ги перцепираме.

За почеток имајте на ум дека диетите по принцип на ригорозност во текот на неделата и неконтролирано уживање за викенд, немаат смисол. Бидете умерени цело време затоа што само така ќе го имате саканиот резултат.

Исто така, не претерувајте постојано со исти намирници. Во ред, знаеме дека е кељот здрав, но ако го јадете секој ден, брзо ќе ви стане здодевен и ќе ризикувате да им се вратите на полошите опции. Уште една грешка што многумина ја прават е неразмислување за она што го јадат. Поточно, мислат дека ако вежбаат, тогаш можат да јадат што ќе посакаат.

Секако, секогаш е добро да го вклучите вежбањето во целата приказна, но мора да знаете дека без исхрана нема да ги постигнете максималните резултати.

Следната грешка се надоврзува на претходната – броењето на калории цел ден нема смисол ако после тренинг одлучите да изедете неколку оброци во еден.

Понатаму, проблем се и сеприсутните салати. Многумина ќе кажат дека ги обожуваат, одбираат омилен зеленчук и месо, зачинуваат со некаков прелив и мислат дека имаат идеален ручек. Меѓутоа, преливот е вишок во целата приказна, бидејќи неретко содржи многу калории. Наместо тоа, научете да се задоволите со варијанти како што е онаа со малку маслиново масло и оцет балсамико или сок од лимон.

Приказната околу диететската исхрана не може да помине без спомнување на јагленохидратите, главен непријател на нашата линија. Или барем така велат. Вистината е дека целосното исфрлање на јагленохидратите е непотребно и штетно (тие му се потребни на телото). Сепак, наместо со тестенини, пробајте со поквалитетни опции, како што се леќа и грашок.

Исто така, многумина прават грешка и го заменаруваат внесувањето на калориите, наместо да дознаат колку калории им се потребни за еден ден и да се обидат барем отприлика да се држат до тоа. Веднаш треба да се спомене, немојте да паднете во замка следејќи ги честите грешки и опсесивно броејќи го секој грам храна што ја внесувате, бидејќи минималните отстапки нема да ве уназадат.

Значи, едуцирајте се и по прашањето за содржината на калориите, затоа што не е исто дали 100 калории сте внесле со газиран сок или преку семки од сончоглед. И конечно, не претерувајте со големината на порциите – подобро ставете си помалку и кога ќе изедете добро размислете дали ви треба уште и на крајот, во пресметката не заборавајте да го ставите и алкохолот или да го исфрлите. Можеби немате такво чувство, но внесувајќи пиво и вино, често можете да дојдете до бројот на калории кои би ги добиле во некаков оброк.

Фото: Pixabey