Во потрага по сродна душа: наместо свои, разменуваат фотки од содржината на своите фрижидери

#Refrigerdating е новиот термин кој би требало да ви го разјасниме

0
125

Во морето апликации и платформи за спојување и пронаоѓање на сродни души, се појави уште една за која би требало да знаете. Таа е малку поинаква од сите останати.

Станува збор за „refrigerdating“ и ја осмислил Самсунг, а концептот е таков што корисниците разменуваат фотографии од содржината на своите фрижидери.

Да, да, добро прочитавте.

Имено, творците на оваа платформа тврдат дека сликата од содржината на фрижидерот е нешто со чија помош би можеле најдобро да ја прикажете својата личност и да покажете што ви значи во животот, а што не, но и да дојдете до блискост, особено ако се водите од она дека љубовта поминува низ желудникот. Исто така, при создавањето на оваа мрежа авторите нагласиле и дека сметаат дека е кујната една од најважните простории за односот на двајца луѓе.

Како изгледа самиот концепт на refrigerdating?

Многу едноставно, фотографирајте ја внатрешноста на својот фрижидер во изворна состојба и потоа фотографијата ја разменувате со другите корисници. На таа тема од Самсунг порачуваат и замолуваат да бидете природни, односно да не ја разубавувате постоечката состојба затоа што само така апликацијата ќе функционира правилно и во ваша корист.

На пример, ако се плашите да ја прикажете вистинската состојба во фрижидерот, авторите велат дека не треба да постои страв и дека треба да се сетите на она дека спротивностите се привлекуваат.

Ако пак бидете среќник или среќничка кој/а со помош на оваа апликација ќе ја најде својата подобра половина, не ви преостанува ништо друго освен за првиот состанок да одите на некоја вечера и со вкусна храна да продолжите да зборувате на оваа тема, за храната, производите и воопшто, за гастрономијата. Потоа јавете ни дали љубовта навистина оди преку стомакот.

Ако сакате да го испробате ова, кликнете ТУКА.

Фото: Pixabey