Ова е наједноставниот рецепт за десерт во облик на бомбици кој е стар повеќе од 6 илјади години и има само 3 состојки, поточно, 2 основни и 1 во која потоа овие бомбици се валкаат.
Овие бомбици се познати и како грчки појадок, потекнуваат токму од подрачјето на Грција, Египет и Блискиот исток.
Познати се под називот пастели, а за нив ви се потребни само:
300 грама мед и 300 грама паста (таан) со сусамово семе.
Таанот може да се купи во продавница, а можете да го направите и сами такашто ќе ги изблендирате лесно пропржените исчистени семки од сусам со малку масло од сусам (на шолја семе ставете две лажички масло). Блендирајте додека не добиете мазна смеса.
Приготвување:
Добро измешајте ги медот и таанот, направете од нив бомбици и извалкајте ги во сусам, па оставете ги во фрижидер да се стегнат.
Предностите на овие бомбици се бројни:
Преполни се со витамини и минерали
Содржат антиоксиданси
Ги регулираат маснотиите во крвта
Даваат енергија за тешки физички работи
Го намалуваат чувството на депресија
Го поправаат расположението
Го снижуваат нивото на стрес.
Фотографијата е од ТУКА.