3 совети за варење убава супа која секогаш успева

0
8679

Зеленчуковата супа е најдобро решение кога сакате да изедете нешто топло и убаво за желудникот. Но за да подготвите вкусна супа, не ви треба рецепт ниту комплициран список од скапи намирници. Ако ги следите овие совети, можете да подготвите вкусен оброк од намирниците што веќе ги имате во фрижидер и никогаш да не погрешите.

  1. Основни состојки

Зеленчукова бистра супа се вари од зеленчук по избор со додаток на вода, малку масло, сол и црн пипер. И толку! Најдобар сооднос за убава супа е литар вода на пола килограм исчистен и исечкан зеленчук, и прстофат зачини. На лажица масло или путер пропржете малку кромид или коренест зеленчук исечкан на парчиња, околу пет минути.

Кога зеленчукот ќе омекне и ќе добие „боја“, додадете вода, зачини и варете 20 минути до половина час на умерена температура во зависност од величината и видот на употребениот зеленчук. Не заборавајте да пробате во текот на готвењето за да ги прилагодите зачините.

  1. Редослед на зеленчуците

Треба да внимавате на редоследот по кој го додавате зеленчукот затоа што сигурно не сакате да јадете тврд или преварен зеленчук. Коренестиот зеленчук како морков, компир, пашканат и целер ставајте ги први во тенџерето затоа што им треба најмногу време за готвење односнпо повеќе отколку на пример на кељот или тиквиците кои се ставаат непосредно пред крајот.
За да ја скратите термичката обработка на сите намирници, зеленчукот исечете го на помали коцки, и потрудете се парчињата да бидат со отприлика иста големина за да се сварат во исто време.

  1. Пасирање на зеленчукот

Вака сварениот зеленчук можете да го претворите во фина крем супа со помош на миксер или на блендер и малку павлака за готвење. Вкусот на супата ќе биде подобар ако се фокусирате само на една или две намирници – на пример, на карфиол, морков, брокула или тиквица. Наполу сварениот зеленчук измешајте го со малку павлака за готвење и вода, па продолжете да готвите уште неколку минути додека сите намирници не се соединат.

Совет плус: 
Прилагодете го вкусот на супата кон своите желби или обидете се да експериментирате – во зима ароматизрајте ја супата со малку ѓумбир и чили пиперче, магдонос или некоја медитеранска билка по желба.

Вкусот на супата можете да го збогатите и со малку ситни тестенини, ориз или кнедли од гриз.

Густите супи можете да ги сервирате со малку пармезан, да им додадете јогурт или некои зачини од типот на мускатно оревче.