Шпагети од тиквичка

Од кујната на Брзо и здраво, на битолчаните Александра Христова и Дарко Милевски и нивниот бренд „21-10 Fast & Healthy“ („21-10 Фаст енд хелти“) еден одличен, брз и здрав рецепт кој можете да го јадете дури и додека се движите

0
158

Додека се шетавме низ Битола, не можевме да одолееме и да не испробаме барем еден рецепт од кујната на нашите битолски пријатели Александра Христова и Дарко Милевски. Станува збор за лесен, брз и здрав рецепт кој Александра го приготви за само неколку минути.

Шпагети од тиквички прелиени со нивниот сос од соја, сенф и мед, поросени со бадеми и семки од тиква.

Тие се дел од нивната понуда, како самостоен оброк или како дел од специјалниот семеен пакет: избор од 1 голема пица, зелена салата, односно, шпагети од тиквичка и избор од 7 енергетски топчиња или 2 парчиња тарт.

Вкусно звучи, нели?