Природен антибиотик за 1000 болести

Овој тоник од природни и свежи состојки е ефикасен во лекувањето на сите болести, успешно го зајакнува имунитетот, делува како антивирусен, антибактериски, антигабичен и антипаразитски лек. Прочитајте како можете да го направите

0
355

Овој древен и природен антибиотик лекува многу болести и неговата моќ не треба да се потценува бидејќи може да излекува повеќе хронични состојби и болести и им помагала на милиони луѓе низ вековите и против најсмртоносните болести. Тајната е во моќната комбинација на врвни природни и свежи состојки!

Познат е како ајурведски природен антибиотик.

Препорачливо е да носите ракавици за време на подготовката, поради лутите пиперчиња кои се дел од состојките.

Еве што ви треба за да го направите:

околу 7 дл јаболков оцет (најдобро е да биде органски)

¼ чаша ситно сечкан лук

¼ чаша ситно исечен кромид

2 чили пиперчиња

¼ чаша рендан ѓумбир

2 лажици рендан рен

2 лажици куркума во прав или 2 парчиња корен од куркума

прстофат црн пипер, каранфилче и кардамом

Приготвување:

Измешајте ги во сад сите состојки освен оцетот. Префрлете ги во голема стаклена тегла (состојките треба да зафаќаат 2/3 од теглата) и додадете го јаболковиот оцет до горе. Затворете ја теглата и протресете ја убаво. Оставете ја на суво и ладно место 2 недели, а секој ден протресувајте ја најмалку еднаш, а можете и неколку пати дневно. По 14 дена, добро процедете ја содржината низ газа. Добро исцедете ја газата за да го ослободите целиот сок. Остатокот од сувата мешавина можете да го користите при готвење. Добиената течност е вашиот Master Ayurvedic Tonic. Нема потреба да го чувате тоникот во фрижидер. Неговата трајност е многу долга.

Совет: Можете исто така да го користите во кујна – измешајте го со органско сусамово или маслиново масло и користете го како прелив за салата или како додаток во чорби.

Внимавајте, вкусот е многу силен па најдобро е да подготвите парче портокал или лимон веднаш по испивањето на тоникот за да го намалите чувството на горење и топлина. Ставете го тоникот во устата, кратко гаргарајте, проголтајте. Не го разредувајте со вода бидејќи ефектот нема да биде толку силен.

За зајакнување на имунитетот и против настинка, пијте по 1 лажица секој ден. Постепено пијте доза од 1 мала ракиена чашка на ден. Ако се борите со тешка болест и инфекција, земајте по 1 лажица тоник 5-6 пати на ден. Може да се користи за време на бременост и е безбеден за деца (во помали дози!).

Здравствените придобивки на тоникот се должат на лукот кој е антибиотик со широк спектар. За разлика од хемиските антибиотици кои убиваат милиони корисни бактерии што ви се потребни, лукот цели само на штетните бактерии, па дури и ги потпомага вашите здрави бактерии. Лукот е исто така моќен антигабична состојка и буквално го уништува секој антиген, патоген и сите штетни микроорганизми што предизвикуваат болести.

Кромидот има слично, но поблаго дејство. Тие заедно претставуваат силно борбено дуо.

Ренот е моќно растение за лекување на синусите и белите дробови. Ги отвора синусните канали и ја зголемува циркулацијата.

Ѓумбирот пак содржи силни антиинфламаторни својства и е моќен стимуланс на циркулацијата.

Лутите пиперчиња се најмоќните познати двигатели на циркулацијата.

Куркумата е најсовршениот зачин во Ајурведата и го намалува воспалението во внатрешноста на телото. Го блокира развојот на рак, спречува деменција. Особено е корисен за оние кои имаат болки во зглобовите.

Јаболковиот оцет го употребувал и таткото на медицината, Хипократ, поради неговите здравствени својства. За него се вели дека имал само 2 лекови: мед и јаболков оцет. Оцетот содржи голем број на витамини, бета-каротин, пектин и важни минерали како калиум, натриум, магнезиум, калциум, фосфор, хлор, сулфур, железо и флуор. Пектинот во оцетот помага во намалување на лошиот холестерол и во регулирање на крвниот притисок. Потребата за додаток на калциум кога ќе почнете да стареете е многу позната. Оцетот помага да се оддели калциумот од храната, што помага во процесот на одржување на јачината на коските.

Фото: Unsplash