#ПосенПеток: Мусака ‘облечена’ во блитва

Ако кога ќе ви спомнат мусака, прво на ум ви паѓа онаа со мелено месо, време е за промени. Отсега вашата омилена мусака ќе биде оваа, со тиквички, печурки, ориз и блитва

0
330

За овој #ПосенПеток подготвивме една богата мусака со многу вкусови кои вака спарени ѝ дадоа навистина извонреден вкус.

Состојки:

1 поголема тиквичка или 2 помали

1 китка листови блитва

1 поголем морков

500 г свежи шампињони или буковки

1 помал кромид

1 шолјичка ориз

3 шолјички вода

масло

сол, црн пипер

По желба, оригано и малку чили

Приготвување:

Прво се мијат листовите блитва и оризот, се ренда морковот, се сечка кромидот и тиквичката се сече на тркалца. Се пропржуваат кромидот и печурките, а потоа и ренданиот морков со оризот (2-3 минути).

Во тепсија се редат листовите блитва, па се реди тиквичка исечена на тркалца, па пропржениот кромид со сечканите шампињони (може и/или буковка), па пропржен рендан морков со ориз, повторно тиквичка на тркалца и најгоре уште еден ред листови блитва. Зачинете по вкус (сол и црн пипер и други зачини по желба).

Прелијте со водата и ставете да се пече додека оризот да ја впие течноста.