Вкусни и здрави колачи од само две состојки

Бананата и кокосот одат одлично заедно. Само погледнете ги овие неверојатни колачи од банана и кокос

0
693

Овој супер здрав рецепт за колачиња е неверојатен! Не само затоа што имаат толку добар вкус и се одлични и за деца и за возрасни, туку и затоа што се без јајца, глутен и млечни производи, такашто во нив може да уживаат и оние со овие алергии на храна.

Состојки:

1 банана
3/4 шолја кокосови ливчиња или трошки

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 C и обложете ја тепсијата со хартија за печење.

Испасирајте ја бананата со вилушка, додадете го кокосот и измешајте ги додека не се соединат добро.

Во зависност од големината на бананата, можеби ќе треба да додадете повеќе кокос. Ако сте користеле многу голема банана, тогаш смесата ќе биде течна ако не додадете повеќе кокос.

Свиткајте ја смесата во голема топка и потоа ставете ја на чиста, рамна површина.

Користете ја дланката за да ја притиснете смесата на рамна површина и обидете се да го направите сето тоа рамномерно за да биде дебела нешто помалку од 1 см.

Можете да ги правите колачите со помош на форми за колачи, и ставете ги на плехот за печење, рамномерно распоредени.

Печете приближно 12 минути, додека рабовите не почнат да стануваат златно-кафеави.

Од оваа количина ќе излезат околу 25 ситни колачиња. Износот ќе се разликува во зависност од големината на колачињата, а лесно можете да направите повеќе со удвојување или тројно зголемување на состојките.

За двојна доза: 2 банани, 1 1/2 чаши кокос
За тројна доза: 3 банани, 2 1/4 чаши кокос

Рецептот и фотографијата се од ТУКА.