За овој #ПосенПеток подготвивме една богата мусака со многу вкусови кои вака спарени ѝ дадоа навистина извонреден вкус.
Состојки:
1 поголема тиквичка или 2 помали
1 китка листови блитва
1 поголем морков
500 г свежи шампињони или буковки
1 помал кромид
1 шолјичка ориз
3 шолјички вода
масло
сол, црн пипер
По желба, оригано и малку чили
Приготвување:
Прво се мијат листовите блитва и оризот, се ренда морковот, се сечка кромидот и тиквичката се сече на тркалца. Се пропржуваат кромидот и печурките, а потоа и ренданиот морков со оризот (2-3 минути).
Во тепсија се редат листовите блитва, па се реди тиквичка исечена на тркалца, па пропржениот кромид со сечканите шампињони (може и/или буковка), па пропржен рендан морков со ориз, повторно тиквичка на тркалца и најгоре уште еден ред листови блитва. Зачинете по вкус (сол и црн пипер и други зачини по желба).
Прелијте со водата и ставете да се пече додека оризот да ја впие течноста.