Полжавчиња со сирење и суво грозје

Необични и вкусни. Секако, највкусни се кога се топли

0
322

Состојки:

200 мл млеко

20 г квасец

350 г брашно

1 лажичка шеќер

2 лажици масло

малку сол

За филот:

1 лажица путер

200 г несолено сирење

2 лажици шеќер

100 г суво грозје

1 жолчка за премачкување

1 ванилин шеќер

Приготвување:

Замесете меко тесто. Оставете го да нарасне 20 минути, а потоа ставете го на масата поросена со брашно. Расукајте го во правоаголна форма и премачкајте го со омекнат путер.

Врз путерот ставете го сирењето (може тоа да биде урда) во кое ќе додадете 2 лажици шеќер и 1 ванилин шеќер. Поросете со суво грозје. Завиткајте го во ролна и исечете ја на рплатчиња на околу 2 цм.

Наредете ги во подмачкана тава. Покријте ги да се одморат и премачкајте ги со жолчка од јајце во која сте додале малку масло и лажица млеко.

Печете на 180 степени околу 30 до 40 минути.

Фото: Pexels