Откријте ги најдобрите преливи за салати

И додека некои претпочитаат лесен прелив, некои ароматичен, со разни билки, други повеќе сакаат освежителен прелив од јогурт или похранливна варијанта со кисела павлака или мајонез. Само вистинскиот прелив може да ја направи салатата вистинско гурманско задоволство.

0
238

Без разлика дали ќе ја послужите како прилог или како главно јадење, никој не одбива салата. А таму каде што има салата – мора да има прелив, бидејќи едното не може без другото.

И додека некои претпочитаат лесен прелив, некои ароматичен, со разни билки, други повеќе сакаат освежителен прелив од јогурт или похранливна варијанта со кисела павлака или мајонез. Само вистинскиот прелив може да ја направи салатата вистинско гурманско задоволство.

Преливи

Основата за добар прелив се состои од квалитетно масло и оцет. Најпрвин, дел од оцетот се меша со сол и црн пипер додека не се раствори солта. Ако сакате, можете да додадете малку шеќер. Потоа додајте уште малку масло и мешајте додека преливот не е компактен. Ако додадете малку сенф, ќе добиете вкусен француски прелив.
Наместо оцет, можете да користите сок од лимон. Не користете ист вид масло и оцет секој пат, пробајте различни вкусови, ќе бидете пријатно изненадени. Можете да го збогатите преливот со сенф, кромид, свежи билки, како што се млад кромид, магдонос, копар и разни други додатоци. Без разлика на тоа каков прелив ќе направите, можете да го употребите за сите видови салати.

Кремасти преливи

Основата за овој додаток за салата не е масло, туку одреден млечен производ: јогурт или кисела павлака. Додадете зачини во избраниот млечен производ и по желба, зачински билки или сенф.

Можете многу лесно да направите сос од лимон и сенф: измешајте сок од лимон постепено, но енергично со кисела павлака и додадете сол и црн пипер. Кремастите сосови се одлични за сите видови зелена салата.

Додатоци кои ќе ја направат секоја салата посебна

Освен кретивни преливи и сосови, на салатите им се дава посебен вкус со разни крцкави додатоци (обично поросени врз салатата). При изборот, само оставете и простор на фантазијата.

Крутони

Крутоните, односно, попржените коцки леб, се одличен додаток на сите лиснати салати. Ако ги измешате со пржена сланина, салатата ќе биде уште повкусна и похранлива. Исечете ги парчињата леб на коцки и пропржете ги на путер додека не станат крцкави и не добијат златно жолта боја. Ако ви се допаѓа поинтензивен вкус, користете путер со билки.

Дополнителни витамини

Употребете никулци од секаков вид: ротквица, пченица, соја. Ако сакате да заштедите, можете сами да ги направите. Маслинките се исто така одличен додаток.

Парчиња овошје

Ќе им дадат на салатите освежувачки вкус, но и ќе ги збогатат со витамини.

Јаткасти плодови

Тоа ќе ја направи секоја салата вистински предизвик за гурманите. Едноставно поросете неколку ореви, индиски ореви, лешници или бадеми врз салатата. Можете исто така да додадете семки од тиква и сончоглед или пињоли. Претходно, пропржете ги накусо во тава без додавање маснотии. Тие се богат извор на витамини и минерали.

Омега-3 масни киселини

Тие се исклучително здрави и во голема мера се наоѓаат во рибите, школките и ракчињата. Исечете чадени или пржени филети од риба на тенки ленти и измешајте ги во салатата. Послужете ја оваа салата како главен оброк.

И сега направете го преливот!

Измешајте ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете компактна смеса. За преливите од јогурт или павлака, користете обичен миксер со стапчиња.

Фото: Pexels