Овошје со чили, сланина со мармалад, чоколадо со соја…

Ако веќе го апсолвиравме вкусот на лутото слатко од пиперки, на кинеското слатко-кисело-луто, колачите од моркови и мармаладот од кромид, зошто да не ги испробаме и овие комбинации. Велат дека се одлични.

0
187

Обидете се врз салатата со ротквици да ставите коцки црно чоколадо, земете еден ред чоколадо и макнете си од соја сосот, а киселите краставички искомбинирајте ги со сладолед

Зошто да не? Ако веќе го апсолвиравме вкусот на лутото слатко од пиперки, на кинеското слатко-кисело-луто, колачите од моркови и мармаладот од кромид, зошто да не ги испробаме и овие комбинации. Велат дека се одлични.

Нутела и помфрит

Слатко-солена и навидум неспојлива комбинација. Солта го засилува вкусот, што ќе ја зголеми перцепцијата на сладоста во храната. Кога размислувате за овој спој на намирници, мислете на забавната верзија од популарното спојување на чоколадо и морска сол. Нутелата можете да ја замените и со чоколаден милкшејк.

Чили во прав и овошје

Оваа слатко-лута комбинација е популарна во Латинска Америка. Лутиот зачин и топлината ја засилуваат блажината на овошјето. Можете да се обидете со лубеница, манго, ананас, кокос, папаја, портокал и диња.

Кисели краставици и чедар сирење

Во Велика Британија оваа комбинација е омилена. Трикот е во тоа да користите стар чедар кој ќе ја намали горчината и солениот вкус на краставичките.

Ставете ги на парче леб и направете сендвич или само комбинација од краставички и чедар за брзо мезе.

Кавијар и бело чоколадо

Малата количина сол од белото чоколадо го засилува вкусот и го ублажува слаткиот вкус, така што белото чоколадо и тоа како може да се комбинира со солени состојки, а комбинацијата на кавијар и бело чоколадо ќе биде превкусен спој.

Кафе и портокал

Обично пиете цеден портокал о кафе одвоено од појадокот, но ако додадете малку сок од портокал во кафето, ќе добиете слатко-горчлива комбинација и совршен вкус.

Сланина и џем

Оваа комбинација со слатко-солен вкус е една од оние кои ако еднаш ги пробате нема да зажалите, освен можеби за тоа дека не сте се сетиле порано да ја пробате.

Испржете две парчиња сланина и ставете ги помеѓу две парчиња леб и врз тоа намачкајте го својот омилен мармалад.

Џин и малини

Ставете неколку малини во џин тоникот и уживајте со сите сетила во овој освежителен напиток.

Кисели краставици и сладолед

Солта од краставичките е неопходна за циркулација на крвта и за метаболизмот, додека шеќерот ќе ви обезбеди брз прилив на енергија.

Кечап и темно чоколадо

Темното чоколадо има нота домат во себе, па со оваа комбинација само ќе го засилите овој вкус и ќе го направите уште повкусен. Двете намирници исто така ја делат аромата од коријандерот, благодарение на молекулот linalool, па кога овие намирници ќе се спојат, вкусот станува уште посилен и поубав.

Чоколадо и соја сос

Солениот вкус на соја сосот го засилува вкусот на чоколадото, а заедно овие намирници содржат овошни, цветни и шумски компоненти, кои го носат она најдоброто еден во друг

Пробајте да макнете еден ред чоколадо во соја сос или да напрскате соја сос по чоколадниот колач или десерт.

Пица Маргарита и јагоди

Доматите, босилекот и моцарелата се одлична подлога за јагодите. Нивниот вкус добро се надополнува со вкусот на доматите.

Темно чоколадо и ротквици

Кога ги јадете заедно овие две намирници, добивате робустен земјен вкус со примеси на слаткост и горчина.

Обидете се врз салатата со ротквици да ставите коцки црно чоколадо.

Пица и туна

Вкусот на туна ќе ја направи пицата повкусна. Ставете па ќе се уверите дека оваа комбинација е незаборавна.

Јагоди и пармезан

Јагодите извалкани во пармезан се уште повкусни од оние натопени во чоколадо.

Топло чоколадо и авокадо

Ако сакате дополнителен вкус и кадифена мазност во устата, испасирајте го и додадете го авокадото во своето топло чоколадо.

Ананас и сино сирење

Тие всушност делат многу состојки, а кога ќе се спарат, заедничките компоненти остваруваат интеракција и го засилуваат вкусот.

Фото: Freepik