Лукот го чува здравјето, но само ако не правите некоја од овие грешки

За да го искористите максимално неговиот потенцијал за лекување, следете ги овие совети и престанете да ги правите грешките што сте ги правеле досега.

0
560

Лукот е исклучително здрав. За да го искористите максимално неговиот потенцијал за лекување, следете ги овие совети и престанете да ги правите грешките што сте ги правеле досега.

Најчести и најголеми грешки се овие:

1. Термички го обработувате

Термичката обработка на лукот е прифатлива ако сакате да го подобрите вкусот на јадењата. Сепак, со термичката обработка се губи неговата вредна состојка, алицинот. Се активира со џвакање или со сечкање на лукот. Но, топлината ја намалува концентрацијата на алицинот, со што автоматски се намалува и лековитиот ефект. Затоа, изгмечете го лукот 10 минути пред готвењето и подготвувајте го на умерена температура не подолго од 15 минути.

2. Користите суплементи

За да избегнат лош здив, многумина избираат да користат лук во гранули. Ниту една замена или преработен производ ги нема истите лековити својства како и свежата намирница.

3. Употребувате лук што не е свеж

Кога го користите или купувате, не заборавајте да ја изберете најсвежата можна варијанта. Би било идеално ако набавите некој од органско производство.

4. Штедите

Ако со помош на лук сакате да се ослободите од инфекции, едно мало чешне нема да биде доволно. Консумирајте две до три чешниња со средна големина на ден.

5. Ги занемарувате пробиотиците

Бидејќи лукот е антибиотик, во големи количини тој може да влијае на цревната флора. Не заборавајте да внесувате пробиотици во вашето тело доколку се лекувате со лук.

6. Не се храните здраво

Лукот сам по себе не може да ги реши сите ваши здравствени проблеми, затоа треба да се откажете од лошите навики. Избегнувајте бел шеќер, преработена храна. Збогатете ја вашата исхрана со овошје, зеленчук и здрави масла и пијте многу вода.

Фото: Pixabay