Зелка за лекување: Цироза, воспаление на бубрезите, желудникот, бронхитис, …

Свежиот сок од зелка го штити мозокот од штетните ефекти на слободните радикали и целокупната штета предизвикана од стареењето, а за лекување на анемија е во ист ранг како и високо ценетото цвекло. Зелката е корисна и во борбата против бронхитисот, па за таа намена треба во шолја млеко да се сварат неколку листови свежа зелка

0
854
Фото: Pixabay

Нејзините лисја ги нанесуваме на изгореници и повреди, додека мамурлакот го лечиме со расол, но лековитите својства на зелката се многу пошироки од овие неколку примени кои ни се познати на сите. Како природен антисептик, зелката делува превентивно на многу болести.
Познато е дека јаглехидратите и мастите се извор на енергија, додека протеините служат за градење на телото. Во одредени дози, на човечкото тело му се потребни и витамини, минерали и други хранливи материи без кои човечкиот опстанок не би бил возможен. Досега е откриено дека зелката е многу важен извор на минерални соли, витамини А, Б, Ц и особено витамин К, целулоза, фосфор, калциум, магнезиум, цинк, сулфур… Затоа се препорачува да се јаде свежа или кисело како салата во секое време од годината, особено во зима, заради што е наречена „кралица на зимскиот зеленчук“.
Значи, зелката е од непроценливо значење во исхраната, па затоа е голема заблуда да се смета за безвредна храна.

Неколку факти за зелката и нејзините придобивки

Зготвената зелка, без маснотии, им се препорачува на луѓето кои боледуваат од цироза на црниот дроб и воспаление на бубрезите.
Пациентите со чир и заболувања на црниот дроб во никој случај не треба да јадат јадења од зелка направени со многу маснотии, како на пр. подварок.
Лутината на зелката потекнува од сулфурните хетерозиди, заради кои зелката има антисептично дејство и треба да се јаде превентивно за да се спречи појава на заразни болести.
Бидејќи зелката е богата со сулфур, водата во која се готви е одлична за убава и негувана кожа, па затоа консумирањето на оваа вода им се препорачува на сите кои не се задоволни со квалитетот на својата кожа.
Сокот од зелка е добар природен лек за лекување на болести на слузокожата на органите за варење, особено на желудникот.
Слатката и киселата зелка, а особено расолот (водата од кисела зелка) се вистински народни лекови против запек.
Од народната медицина потекнува и докажан рецепт за лекување на мамурлак, каде главен адут е повторно расолот од кисела зелка.
Свежиот сок од зелка го штити мозокот од штетните ефекти на слободните радикали и целокупната штета предизвикана од стареењето.
Ако во шолја млеко се сварат неколку листови свежа зелка, се добива напиток корисен во борбата против бронхитисот.
На анемичните им се препорачува да го јадат сиров или на сварен на пареа или да пијат по две чаши цеден сок секој ден.
Лековитите својства на зелката не треба да се заборават кога станува збор за изгореници, рани или чиреви, на кои се ставаат листовите зелка за да се отстранат проблемите и да се спречи формирање на гној и инфекција.

Сок од зелка

Лековитиот сок од зелка, на пример, е побогат со витамин Ц од портокалот. Кога станува збор за минералите, тој е најдобар извор на калиум, кој има значајна улога во регулирањето на работата на срцето и нервниот систем. Влијае и на работата на цревата и мускулите.
Зелката содржи мала количина на калории. Во 100 грама има само 23 kcal. Затоа, често се користи во диети. Најпопуларна е секако диетата со зелка, која е позната низ светот, пред се, кај женската популација.

Зелката содржи и 1,3 g протеини, 6 g јаглени хидрати, 3 g шеќер и 2,5 g диетални влакна. Таа е добар извор на рибофлавин и аминокиселина глутамин.

Сокот од зелка како лек за многу болести

Ако го користите за лекување, најдобро е да користите свежа, сирова зелка од органско земјоделство.
Лечи анемија и ја подобрува крвната слика
Бидејќи зелката е богата со минерали, меѓу кои значително се присутни железо, цинк, магнезиум и фосфор, пиењето на овој пијалак може значително да ја подобри крвната слика. Најпрво се препорачува за млади жени, кои имаат обилна менструација, бидејќи најчесто имаат такви проблеми.
Луѓето кои страдаат од анемија треба редовно да го користат. Според некои мислења, сокот од зелка за лекување на анемија е во ист ранг како и високо ценетото цвекло.

Една чаша сок дневно за здрави нерви

Се повеќе се препорачува пиење свеж сок од зелка за ублажување на анксиозноста и нервозата. Ваквите нарушувања погодуваат сè поголем број од населението, а за главна причина за ова се смета брзиот и стресен начин на живот.
Современите животни трендови и отуѓеноста доведоа до зголемување на бројот на луѓе кои страдаат од депресија. Како алтернатива се препорачува грицкање зелка која е полна со минерали и витамини кои го подигнуваат телото.
Сокот од зелка може да го подобри сонот и да ја елиминира несоницата бидејќи има релаксирачки и смирувачки ефект врз организмот.

Природен лек за болести на белите дробови и грлото

Зелка во комбинација со мед не звучи најдобро, но е одлична за заштита и лекување на белите дробови од воспаленија. Многу успешно делува во превенција и лекување на бронхитис и астма, бидејќи ги чисти дишните патишта.
Ако ве боли грлото наместо септолете, исплакнете ја устата и направете гаргара со сок од зелка. Се покажа дека е добар природен лек за воспалителни процеси.

Излечете го вашиот стомак на природен начин

Свежо исцедениот сок од зелка за гастритис е полн погодок. Добар избор е и за лекување на чир на желудникот и дванаесетпалачното црево. Се препорачува да се испие полна чаша сок пред секој оброк.
Зелката има ефект во лекувањето на ваквите состојби благодарение на аминокиселината глутамин, која ја штити и обновува желудочната слузница. Има функција за чистење на цревата и целиот организам.
Поради својот состав, зелката има и благо лаксативно дејство, па затоа се препорачува за луѓе кои страдаат од запек. Го поттикнува редовното празнење на цревата.
Интересен податок е дека уште во 1952. година во зелката е пронајден витамин за кој е утврдено дека директно ги лекува чиревите на желудникот и дванаесетпалачното црево, а подоцна го добил името витамин У (латински ulcus – чир).

Ослободете се од Хеликобактер пилори еднаш засекогаш

Дури 80 отсто од населението има хеликобактер пилори. Предизвикува воспаление, ја засилува киселината и е одговорен за формирање на чир на желудникот.
Луѓето кои се заразени имаат симптоми како што се гадење, надуеност, болки во горниот дел на стомакот, недостаток на апетит и лош здив. Тие често се чувствуваат сити дури и по јадење мала количина на храна, имаат вртоглавица и темна столица. Се смета дека оваа бактерија може да доведе до развој на рак.
Свеж домашен сок од зелка е стар природен лек за Helicobacter pylori. Се препорачува да се консумира на празен стомак, 2 децилитри дневно.
Тоа е важно за превенција од одредени форми на рак
Зелката има антиканцерогени својства. Дејствува превентивно врз развојот на рак на цревата, мочниот меур и простатата. Овој зеленчук содржи синигрин, кој делува превентивно.
Покрај тоа, исцедениот сок од зелка има антиоксидантни својства. Го чисти целиот организам, но и крвта од токсини, спречува појава на слободни радикали, го зајакнува имунолошкиот систем.

Расол-сок од кисела зелка

Сите знаеме за киселата зелка, се добива со ферментација, а течноста што се одвојува се вика расол. Одличен е за варење, ја елиминира тврдата столица и значително влијае на работата на цревата.
Полн е со витамини од групата Б и скапоцени минерали. Се користи и за ублажување на мамурлакот.

За што се добри облогите од зелка?

И облогите од листовите од зелка имаат бројни придобивки, а првенствено се ефикасни во лекувањето на воспаленија и отоци.
Артритисот и ревматизмот се воспалителни болести кои ги зафаќаат зглобовите, коските и мускулите. Зелката има антиинфламаторни својства и ги ублажува симптомите на овие болести.
Најчесто се користат облоги од зелка со ракија, кои се ставаат на проблематичните места. Записи за пеглање на листовите на ова растение може да се најдат во народната медицина. Сè уште жешки листовите се ставаат на деловите од телото погодени од воспалителни процеси.
И сокот од зелка како лек се користел при бројни воспаленија, но и за лекување на проширени вени. Во лекувањето се користат памучни облоги претходно натопени со сок од зелка, кои се обвиткуваат околу нозете.

Придобивките од зелката за губење на тежината

Ова е одлична вест за дебелите луѓе. Доколку сакате да ги изгубите килограмите кои се насобрале, сокот од зелка за слабеење е најдобриот избор. Пијте го овој корисен напиток и ќе го отстраните вишокот маснотии.
Како што рековме, зелката има многу малку калории, па затоа е одлична за диета бидејќи ја забавува преработката на јаглехидратите во масти. Покрај тоа, таа е полна со влакна и ја подобрува функцијата на цревата и го поттикнува редовното празнење. Воедно е и феноменален избор за целосна детоксикација на телото.
Покрај тоа, сите сме слушнале за познатата диета со зелка. Дава дополнителни резултати, а подразбира воведување на вкусна супа со зеленчук и секако зелка.

Кој не треба да го пие сокот од зелка?

Како и со секоја храна, внесот на зелка треба да биде умерен и контролиран. Може да се консумира неколку пати на ден, половина час пред оброк. Сепак, на луѓето на кои им е дијагностициран пептичен улкус и гастритис им се советува прво да се консултираат со лекар.
Иако е лековит, со бројни предности, сокот од зелка во бременоста бара претпазливост при употреба. Идните мајки треба да внимаваат на неговото внесување, а секако неопходно е да се консултираат со лекарот кој раководи со бременоста.
Бремените и доилките исто така треба да знаат за неговите придобивки за отечените гради, особено по породувањето. За оваа намена се користат облоги од зелка.