Еве како се прави пиво со авокадо (ВИДЕО)

Не е новост, па можеби некој од вас веќе и пробал, но ние сега дознавме за ова пиво што се прави веќе неколку години во Лос Анџелес со локално авокадо

0
121

Дали знаевте дека официјалното овошје на Калифорнија е авокадото?! Всушност, секоја година токму во овој месец (август) се случува и нивниот фестивал на авокадото. Креативните луѓе од пиварницата Angel City нашле одличен начин да го искористат. Авторот на идејата за пиво со авокадо, Дитер Форстнер, го опишал овој пијалак како „креативен и генијален“.

Веројатно, автентичноста на овие изјави може да се потврди само во пракса, но мора да се има вистинска страст за експериментирање, бидејќи пивото содржи не само авокадо, туку и коријандер, лимон, лук и сушени чили пиперки.

Ова неконвенционално пиво се продава во градските пабови во Лос Анџелес, а најчесто го купуваат оние што се желни за возбуда.

Авокадото е познато како моќен афродизијак и согорувач на маснотии – затоа е избрано како главна состојка на „креативниот“ пијалак.

Практичниот процес на правење на нивното веќе познато Авокадо Але (веројатно е многу позабавно од авокадо тост) погледнете ја во видеото.

Фото: Фејсбук