Две во едно: добро изгледа на Инстаграм и е супер здраво

Да бидеме искрени, кога растеа минатите генерации, не знаеја ни што е авокадо, а сега се чини дека ако во чинијата нема авокадо, нема ништо. Дали станува збор само за тренд и за тoа што авокадото на чинија изгледа добро или оваа наmирница е навистина толку добра за нашето здравје?

0
141

Последните неколку години на социјаните мрежи главна ѕвезда е авокадото.

Разни напитоци од авокадо, авокадо на тостер, во салати и во сендвичи, можат да се најдат на сите помодни профили на социјалните мрежи.

Но дали станува збор само за тренд и за тoа што авокадото на чинија добро изгледа или оваа намирница е навистина толку добра за нашето здравје?

Авокадото се нарекува супер намирница, а нутриционистите ги пресметале неговите хранливи вредности кои навистина одат во прилог на тоа.

Така, половина од едно просечно авокадо, што е препорачана количина за консумирање во еден оброк, содржи:

114 калории

6 г јагленохудрати

1 г протеини

10,5 г масти, од што 1г се заситени масти

5 г влакна

0 г шеќери

345 мг калиум (10 отсто од нашиуте дневни потреби)
20 мг магнезиум (5 отсто од нашите дневни потреби)
6 мг витамин Ц (10 отсто од нашите дневни потреби)
0,2 мг витамин Б6 (10 отсто од нашите дневни потреби)

Сите овие хранливи материи се нужни за правилно функционирање на нашиот организам.

Внесувањето на авокадото во нашата исхрана, неколку пати во неделата, ќе го намали лошиот холестерол затоа што е преполно со моно и полинезаситени масти. Подолготрајната консумација ќе ја смени и сликата на нашите липиди и липопротеини.

Добрите масти воедно и значајно ја намалуваат можноста од срцеви заболувања и инфаркт, додека авокадото во целина влијае на здравјето на очите, кожата и коските. Имено, фитохемикалиите  како што се каротеноидите и фитостеролите го намалуваат оксидативниот стрес.

Дали можеме да се здебелиме од авокадото?

Кога станува збор за споменатите масти, а едно авокадо содржи околу 20 грама, се поставува прашањето дали може консумацијата на авокадо да влијае и на нашите килограми.

Нутриционистите препорачуваат да се консумира најмногу пола авокадо во еден оброк, а никако повеќе од едно авокадо во текот на целиот ден. Секако, како ни со една друга намирница не смее да се претерува затоа што тогаш се поништуваат нејзините добри својства.

Но редовната консумација на пола авокадо дневно, како што покажуваат истражувањата, може дури и да го забрза процесот на слабеење. Токму затоа за него посегнуваат оние кои се обидуваат да водат здрав живот и да ги сменат своите прехранбени навики.

Водата и влакната кои ги содржи авокадото ќе ви помогнат да се чувствувате подолго сити, што значи дека помалку ќе посегате по грицки.

Тоа е воедно и намирница која ни нуди цела лепеза можности со кои приготвувањето на оброци никогаш нема да стане здодевно. Ако не сте љубители на авокадо на тост, што на многумина од нашето поднебје не им одговара затоа што не сме навикнале на таквата комбинација на вкусови, авокадото можете многу лесно да го додадете во било кое смути или салата која ја приготвувате.

Дали е навистина толку скапо?

Наспротив мислењето дека е скапо, авокадото можете да го најдете по пристапни цени во маркетите, и на пример, да добиете авокадо по цена на едно кафе.

Фото: Pexels