Бургер палачинки

Палачинките што станаа вистински хит во светот, а потекнуваат од Јапонија, оние дебели, меки и воздушети, што потсетуваат на облаци, сега се појавија како сендвич од палачинки, во комбинација со јагоди и чоколадо или шлаг и целиот свет одново се вљуби во нив 

0
243

Таканаречените бургер палачинки се нов хит на социјалните мрежи, а зад необичното име стојат две меки ‘перничиња’ со слатко полнење од овошје, чоколадо, шлаг, сладолед, крем од ванила, карамела и други деликатеси.

Слаткиот тренд го освои светот и се појави и во солени варијанти со сирење, пржена сланина и шунка. Меката, воздушеста текстура на палачинките се добива благодарение на белките од јајце што се матат во цврст снег и дури потоа се додаваат во остатокот од смесата. Резултатот е – палачинки во форма на облаци. За да добиете убав облик, смесата за палачинки се пече во тркалезни калапи на тава, околу 5 до 7 минути додека смесата не нарасне.

Потоа свртете ги палачинките во калапот со шпатула и печете уште 2-3 минути. Секоја страна треба да има кафеава, но не премногу темна боја. Рецептот за палачинките можете да го најдете тука, а потоа се што треба да направите е да се одлучите за полнење како парчиња јагоди со мед или шлаг или некоја друга фина комбинација.

Фото: Фејсбук