Состојките за овие палачинки се слични на оние за обичните палачинки, па ако се прашувате што е тоа што ги прави различни од нив, ќе ви кажеме дека е се во начинот на подготвување на јајцата. Жолчките одвојте ги од белките кои ќе ги матите се додека не добиете цврст снег, кој потоа се додаваат нежно и внимателно во остатокот од тестото.
Овие палачинки се екстра меки и воздушести, баш како суфле.
Состојки:
2 големи јајца
1 ипол лажица полномасно млеко (22 g)
¼ лажичка екстракт од ванила
¼ шолја брашно (30-34 g)
½ лажичка прашок за пециво (2 g)
2 лажици шеќер (25 g)
1 лажица неутрално масло
2 лажици вода (за пареа)
Начинот на приготвување видете го во видеото.