Сорбе е смрзнат десерт направен од овошје, вода и шеќер, без млечни производи. Одлична варијанта за веганите и за оние кои се интолерантни на лактоза.

Предноста на овој ладен десерт не е само тоа што ќе ве освежи, туку е и многу лесно да се направи. Ќе ви требаат помалку од 10 минути. Ако не ви се допаѓаат овие вкусови, секогаш можете да си направите поинаков избор на овошје, само секогаш користете сируп.

Состојки:

За сируп:

1 шолја шеќер
1/2 шолја вода

За сорбети од малина и манго:

3 шолји замрзнато манго
1 шолја замрзнати малини
2-3 лажици сируп

За сорбе со бобинки:

4 шолји замрзнати бобинки
2-3 лажици сируп

Сорбе од краставица и диња:

3 шолји замрзната диња
1 шолја замрзната краставица
2-3 лажици сируп

Сорбети од босилек и праска:

4 шолји замрзнати праски
2-3 лисја босилек
2-3 лажици сируп

За пина колада сорбе:

4 шолји замрзнат ананас
1/4 шолја кокосово млеко
2-3 лажици сируп
1 лимета, кора и сок

Приготвување:

За сирупот:

Во мало тенџерче на средна топлина, измешајте ги шеќерот и водата. Загрејте ја смесата, мешајќи постојано, додека не се раствори целиот шеќер. Оставете сирупот целосно да се излади пред употреба.

За сите видови сорбе постапката е иста. Го мешате овошјето во блендер заедно со сирупот. Може да послужите веднаш или да ги ставите во замрзнувач.

Фото: Принтскрин/Јутјуб (THE DOMESTIC GEEK)