Зошто во зима треба да се јадат повеќе печурки?

Колку пати сте слушнале од вашиот лекар дека би требало да внесувате повеќе витамин Д, оној кој го добиваме од сончевите зраци? Еве еден одличен совет кој ќе ви помогне во текот на зимските месеци да внесувате доволна количина од овој важен витамин.

0
277

Недостатокот на витамин Д во организмот во последните години претставува голем проблем затоа што луѓето сѐ помалку луѓе поминуваат надвор, особено во зима. Причина за тоа се сигурно и предупредувањата кои постојано ги слушаме, а се однесуваат на штетноста на УВ зраците и ризиците на кои не изложуваат. Без оглед на сѐ витаминот Д му е потребен на организмот за нормално функционирање.

Повеќето од останатите важни витамини можеме да ги најдеме во многу природни намирници и на тој начин да ги внесуваме во организмот, но со витаминот Д не е така па сонцето останува негов најбогат извор. Барем до сега се мислеше така. Последните истражувања велат дека печурките се многу богати со витамин Д и дека во зима тие можат да послужат како своевидна замена за сонце.

Баш како и луѓето, печурките произведуваат витамин Д на природен начин кога се изложени на сончевите зраци, а во текот на тој процес нивниот природен ергостерол се претвара во ергокалциферол односно витамин Д кој може да го користи и човечкиот организам.

Анализите кои се направени на печурките од пет различни места покажале дека купечките печурки содржат во просек 2,3 мцг витамин Д на 100 грама што е 23 отсто од препорачаната дневна доза на овој витамин. Но оваа бројка може драстично да се зголеми доколку се печурките изложени на сонце.

Истражувањата покажале дека доколку печурките се остават 1 час на сонце ќе произведат 10 мцг витамин Д на 100 грама, што е навистина одлично особено ако се земе предвид дека дневните потреби на организмот се помеѓу 5-15 мцг во зависност од возраста.

Ова секако не значи дека вашите суплементи кои ги користите во зима треба да ги замените со природни лекови пред да се посоветувате со лекар, но печурките можат да бидат навистина одлична алтернатива.

Фото: Pixabey