Зошто треба да се јаде црвен кромид?

Со векови се користи за лекување на настинки, воспаленија и рани, важен е за одржување на здраво ниво на шеќер во крвта, за поздраво срце, но и како превенција од канцерогени заболувања

0
603

Освен белиот кромид, кој обично го користиме во приготвување на готвена храна, многу лековити својства има и црвениот кромид кој обично се јаде сиров и во приготвувањето на свежи салати.

Црвениот кромид содржи фитохемикалии кои го подобруваат ефектот на витаминот Ц во организмот што автоматски влијае на јакнење на имунитетот.

Кромидот содржи хромиум кој е многу важен фактор за одржување на здраво ниво на шеќер во крвта. Со векови се користи за лекување на настинки, воспаленија и рани.

Консумирањето на сиров црвен кромид ја поттикнува продукцијата на добриот холестерол во крвта, а тоа значи и поздраво срце.

Кромидот содржи и многу моќна компонента која се нарекува кверцентин, а за која е докажано дека превентивно делува на настанувањето на канцерогени заболувања.

Сокот истиснат од црвениот кромид чудотворно делува на убоди од инсекти. Ако ве боцне пчела или оса, едноставно истиснете малку од овој сок на убодот и веднаш ќе почувствувате олеснување. Брзо ќе исчезнат болката, црвенилото и отокот.

Ако сакате брза салата од кромид, исчистете една главица на тенки тркалца, попрскајте ги со сок од лимон, маслиново масло, сол и малку свеж коријандер или магдонос и послужете.

Фото: Pixabey