Зошто треба да ги (за)сакаме праските?

Праските често се препорачуваат како дел од оброците на дијабетичарите заради својата способност за намалување на нивото на шеќер во крвта.

0
299

Пазарите се полни со сезонско овошје, а на многумина oмилени им се токму праските, кралиците на сончевите денови.

Праските, оние вистинските, не намамуваат со мирисот и со леснотијата со која се комбинираат и со слатки и со солени намирници, а воедно се и богати со хранливи материи и нивното редовно консумирање влијае на нашето здравје.

Една просечна праска содржи 58 калории, полна е со протеини, витамин Ц, витамин А, витамин Е, витамин К, манган, влакна, железо и калиум, а содржи помалку од 1 грам масти. Вреди да се истакне и богатството на антиоксиданти, а ако од ова овошје се направи сок, тоа овозможува побрза апсорпција и делување на нашиот организам веќе после 30 минути.

Еве што може да направи за нашето здравје таквата комбинација на нутриенти, минерали, витамини и антиоксиданси.

Го подобрува варењето

Просечна праска содржи 2 грама влакна, од кои пола се топливи, а пола нетопливи. Токму оние нетопливите поволно влијаат на нашето варење и помагаат при констипација, додека тпливите ги хранат добрите бактерии кои влијаат на здравјето на системот за варење.

Ги намалува алергиите

Соединенијата кои се наоѓаат во праската поволно влијаат и на оние кои се борат со летните алергии, па и со поленот во воздухот и тревите. Имено, кога е телото изложено на алергени, тоа отпушта хистамин, односно, хемикалија која настојува да му помогне на организмот во одбраната од алергените. Но истовремено хистаминот предизвикува непријатни симптоми на алергија како што с ејадеж, кивање и кашлање.

Тука настапуваат позитивните својства на праскуте затоа што нивните соединенија отпуштаат хистамин во крвта и истовремено ги ограничуваат воспалителните процеси кои се последица од алергиските реакции.

Го намалуваат нивото на шеќери во крвта

Праските често се препорачуваат како дел од оброците на дијабетичарите заради својата способност за намалување на нивото на шеќер во крвта.

Го јакнат имунитетот

Конечно, редовното консумирање на праски кои изобилуваат со споменатите антиксиданси, витамини и минерали може силно да влијае на создавање на поотпорен имунитет на организмот, што пак ни помага во полесно излегување на крај со сезонските настинки, но и со други болести.

Совет: За да ја одржите подолго свежината на праските, бирајте ги оние потврдите или само малку омекнати. На собна температура можат да издржат најмногу една недела, а ако сакате да ги зачувате за подоцна, измијте ги, исечете ги на коцки и ставете ги во замрзнувач па подоцна користете ги за правење на смути.

Фото: Pixabey