Зошто се здрави коските и како можат да ве препородат?

Освен супите од коски кои ги готвеа нашите баби, коските можат и да се испечат, а печената коскена срж да ви послужи како најдобар намаз за леб

0
2117

Животинските коски се корисни затоа што со готвењето испуштаат содржина богата со минерали, најмногу со калциум, магнезиум, фосфор, силициум и сумпор. А од р’скавицата и тетивите се добиваат глукозамин и хондроитин-сулфат, кои се одлични за здравјето на зглобовите.

Лек за многу болести

Во коските не се пресудни витамините, туку минералите кои нашето тело лесно ги апсорбира, а витамините можеме да ги надокнадиме со додавање на зеленчук во супата од коски.
Од друга страна, не треба да очекуваме дека со топлата супа од коски ќе ги решите сите свои здравствени проблеми, но многу од нив можат да се ублажат или да се спречат.

Па така супата од коски или коскената срж се добри за сите кои страдаат од синдром на немирни црева. Имено, желатинот од животинските коски ги смирува цревата и ја лекува слузокожата, помага за варењето и ја лекува констипацијата. Богата со амино-киселини, супата од шуплива коска го прочистува организмот и ни помага при настинките.

Супата делува како природен антибиотик.

Јадете супа од коска најмалку три пати неделно и ќе имате јаки коски, убава кожа, силен имунитет, мирни црева и уредно варење.

Како што стареете, треба да јадете повеќе супа. Сржта од коските се нарекува уште и природен ботокс затоа што содржи колаген, протеин кој при варењето се претвара во желатин, и ги прави косата и ноктите посилни и поубави.

Содржината на варена коска е богата со гликозамин, органско соединение кое го забавува трошењето на зглобната р’скавица, а хондроитин сулфатот од р’скавицата помага за превенција на остеоартритисот.

Придонесува и за подобар сон, за што е заслужен глицинот, вид на амино-киселина која влијае и на подобрување на меморијата.

Научниците од Харвард докажале дека со редовна употреба на супа од варени коски се намалуваат одредени симптоми на автоимуни болести.

Покрај сето тоа, супата од коски придонесува за добра линија, идеална е за редуциран режим на исхрана бидејќи не е мрсна, а дава чувство на ситост.

Како да направите супа од коска?

Една шуплива телешка коска ставете во тенџере си многу вода и варете ја околу 1 час.

Потоа додадете морков, целер, пашканат и кромид и кога ќе се сварат сите состојки, исцедете ги, а течноста зачувајте ја.

Исечкајте го зеленчукот, ставете го во исцедената супа, додадете тестенини и зачинете.

Ставете ја супата повторно да зоврие, тргнете ја од оган и поросете ја со исечкан магдонос.

Коските не мора да ги користите само вака. Попикантна варијанта ќе добиете кога ќе ги запечете во рерна. 

Замолете го месарот да ви ја исече коската попречно, на неколку делови и наредете ги во исправена положба во тепсијата за печење. Прелијте ги со маслиново масло и додадете вода. Ставете ги во добро загреана рерна и печете додека не видите дека почнале да ја ослободуваат вкусна содржина. По потреба повремено додавајте вода. На крајот се поросете со свежо исечкан магдонос и послужете со црвен кромид пропржен на путер, зачинет и издинстан во бело вино.

108780_kosti-profimedia0093789347

Како да направите намаз од коскена срж?

За да направите намаз за леб од коскена срж, замолете го месарот да ви ја исечете коската надолжно.

Зачинете ја со крупна сол, ситно исечкан лук, свежа мајчина душица и маслиново масло. Загрејте ја рерната на 200 степени па печете ја пола час.

Почекајте малку да се олади, па со лажичка вадете од сржта и мачкајте на свежо испечено лепче попрскано со маслиново масло. Ако е потребно, зачинете со уште малку сол.