Зошто не е добро за појадок да се јаде банана?

Нема сомнеж дека се бананите здрави, тие содржат многу калиум, магнезиум и влакна. Мѓутоа, стручњаците не ги препорачуваат за појадок

0
368

Бананите содржат 25 отсто шеќер кој нагло го зголемува нивото на инсулин. Последица од тоа е што стануваме уморни и брзо огладнуваме.

Значи, ако наутро на работа за појадок изедете банана, набрзо ќе бидете пак гладни.

Но добрите вести се тоа што доколку не сакате да се откажете од бананата за појадок, можете да ја комбинирате со здрави масти, зачини или зачински билки кои не го креваат инсулинот до небо. На пример, со бадеми или со чиа семки.

Така ќе се неутрализираат киселините од бананите и ќе се искористат предностите на калиумот, влакната и магнезиумот, без притоа да ви скока шеќерот.