Со јапонските ресторани и суши барови распространети по целиот свет, јапонската храна повеќе не се смета за нерешена светска мистерија како некогаш. Всушнот, сѐ поголем број на луѓе ја препознаваат јапонската храна како една од најздравите во светот.
Покрај оризот и константно присутните морски плодови кои се нудат и на главните улици, традиционалната јапонска исхрана е импресивно слаба со холестерол, маснотии, енергија, а богата со прехранбени влакна. Не е ни чудно што Јапонците имаат најдолг животен век.
Во Јапонија ќе воочите највпечатливи разлики во текот на сезонските промени. Цветовите од цреша напролет, обоени лисја наесен.
Луѓето уживаат гледајќи ка промената на сезоните, еднакво ако и промената на сезонските намирници на своите трпези. Јапонската традиционална кујна често се опишува како сезонска култура.
Со акцент на свежиот и природен вкус, луѓето во Јапонија сааат да ја јадат храната во својата „shun“ сезона. Бамбус, туна и харинга се јадат во пролет, бонито во рано лето, матусаке (вид на печурки) и костени во есен. Се верува дека консумирањето на храната во својата „shun“ е добро за здравјето.
За Јапонците може да се каже дека имаат „естетски апетит“ и вложуваат голем напор и љубов во презентацијата на храната на само ним својствен начин. Прехранбените ритуали на Јапонците потекнуваат уште од шестиот век, кога е будизмот прогласен за вера, и е забрането месото од птици и „четвороношци“. Во желба да ги направат своите безмесни оброци пријатни, ги приготвувале како да ќе ги „јадат со очи“, со нагласена елеганција.
Покрај визуелниот впечаток на традиционалните јапонски оброци, присутна е и голема почит кон храната. Според древните будистички принципи, „јадењето треба да биде духовно искуство кое овозможува момент на мир во текот на денот“.
Пред да почнете со консумирање на храната, мора во неа да уживате со очите. Очите се големи како и желудникот, тоа е јапонскиот начин на јадење. Во Јапонија, храната и садовите се сметаат за дел од уметноста, и тука навистина можете да уживате во уметничкиот вкус и убавината на изложената и аранжирана храна како и во изборот на садовите во кои храната се сервира.
Накусо, кога би требало да ја опишеме јапонската кујна со неколку зборови, најдобро би ѝ одговарале зборовите „природна“ и „хармонична“.
Без оглед на начинот на кој е приготвена одредена намирница, таа секогаш успева да го зачува својот изворен, значи, природен вкус и сите свои состојки.
Храната е во хармонија со природата и опкружувањето, како и со човекот кој ја јаде таа храна.
Еве неколку термини кои треба да ги знаете ако ве интересира јапонскиот начин на исхрана:
Сашими: свежа риба, фино исечена и сервирана во мал сад за макање со соја сос.
Суши: свежа риба сервирана на врв од убаво обликуван закиселен ориз.
Тонкатцу: полнето и нагло пржено свинско сервирано во сос од соја со ориз на врвот.
Јакитори: пилешки ражени, зеленчук и друга храна, најчесто сервираби како меѓуоброк.
Тогараши: „Седум лути зачини, јадење зачинето со пипер и чили.
Шисо: билка која потсетува на мешавина од менат и босилек; најчесто се користи како украс.
Мисоширу: Мисо-супа со тофу, се сервира со речиси секое јадење.
О-ча: зелен чај се сервира на крајот од оброкот.
Удон: меки, мрсни јуфки.
Сомен: тенки јуфки, се користат најчесто како додаток на супите.
Соба: јуфки од хељда.
Сукијаки: тенки парчиња говедско варено со зеленчук, тестенини и тофу во сос.
Темпура: плодови (порција со морски плодови или со зеленчук обвиткани во тесто и длабоко пржени).
Фото: Pixabey