Палачинки со брашно од овесни снегулки и ленено семе

Ако сакате палачинки, ама сакате и поздрави варијанти, пробајте да го замените комплетно или барем делумно белото брашно со брашно од овесни снегулки и ленено семе, а кравјото млеко со некој вид на растително млеко.

0
278

Состојки:

2 јајца

1 шолја топло млеко од ориз, соја или обично кравјо млеко

1 шолја кисела вода

1/2 лажичка сода бикарбона

1 шолја брашно од овесни снегулки

1 шолја мелено ленено семе

1 шолја бело брашно

1-2 лажици масло

Напомени:

  1. Начинот на приготвување е ист како и на обичните палачинки, со тоа што е најдобро овесните снегулки и лененото семе да ги смелете непосредно пред да почнете да ги приготвувате.

2. Смесата е добро да отстои 10-15 минути пред да почнете да ги пржите палачинките.