Златни крекери со куркума

Ако сакате да грицкате тогаш барем грицкајте нешто здраво. И, се разбира, тие здрави грицки направете ги сами дома.

0
460

Состојки:

150 г повеќенаменско брашно

пола лажичка прашок за пециво

пола лажичка сол

пола лажичка куркума во прав

1 лажичка маслиново масло

100 мл вода

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200°C.

Во сад измешајте ги сите суви состојки, а потоа додадете ги маслото и водата. Замесете тесто и расукајте го колку можете потенко врз хартија за печење. Исечете го во саканите облици и големина. Префрлете ги заедно со хартијата за печење на тепсијата за печење и печете 15-20минути додека не станат крцкави. Оставете ги да се оладат.

Како прилог можете да користите некое макало или намаз.

Фотографијата и рецептот се од ТУКА.