Зимска панзанела

0
523

Состојки:
За крутоните
¼ шолја путер
2 лажички лук, сечкан
2 лажички мајчина душичка, сечкана
6 шолји вчерашен леб, на коцки, без кора
6 лажици пармезан, рендан
сол
бибер

За салатата
1 мал црвен кромид, на крукчиња
3 лажици оцет
сол
4 шолји тиква, сечкана на коцки
½ шолја, плус 1 ½ лажица маслиново масло
бибер
225 г прокељ, на четвртинки
½ шолја свеж магдонос

Приготвување:
1. Стопете го путерот, додајте ги лукот и мајчината душичка и коцките леб. Додајте го најголемиот дел од пармезанот и измешајте добро.

2. Префрлете ги коцките леб врз хартија за печење и додадете го остатокот од сирењето, сол и бибер. Измешајте нежно додека се стопи сирењето. Печете 10-15 минути на 180 степени, промешувајќи еднаш или два пати додека крутоните станат крцкави и лесно обоени, но меки внатре. Оставете ги да се оладат.

3. Потопете го кромидот во оцетот со малку сол, 15 минути. Потопете ја тиквата со 1 ½ лажица масло, сол и бибер. Испечете ги 15 минути.

4. Зовријте вода со сол и во неа сварете го прокељот. Во кромидот сипете ½ шолја масло, додајте бибер.

5. Во голем сад измешајте ги сите состојки и додадете магдонос.