Времето за зимница речиси е на поминување, но модри домати се уште има колку што ви душа сака. Процесот на подготвување е многу едноставен, но сепак, ако не сте правеле досега направете мала количина, како за првпат.
Состојки:
2 средно големи модри домати
Оцет
Вода
Сол
Шеќер
Маслиново масло
Сончогледово масло
Лук
Магдонос
Босилек
Црн пипер
Приготвување:
1. Ден претходно исечете ги доматите на кришки дебели околу пола сантимер, добро насолете ги и оставете ги да се цедат преку ноќ…
2. Како и за останатите кисели мешавини, потребно е да ги загреете оцетот и одата во сооднос 1:3 (оцет 1, вода 3) на средно јака температура. На оваа количина ставете околу ½ литар оцет и 1,5 литар вода. На ова се додава лажица шеќер и лаица сол. Доматите исечени на коцки треба да се провварат 1-2 минути, а потоа да се исцедат.
3. Подгответе тегли и на дното ставете лук по желба, магдонос и/или босилек, наредете домати, па додадете уште лук, магдонос и/или босилек и неколку зрна црн пипер и повторувајте ја постапката се додека не ја наполните теглата. Прелијте ги со мешавина од маслиново и сончогледово масло и со загреаниот раствор од вода и оцет. Затворете ги теглите и почекајте неколку недели за да почнете да ги јадете.